Контакт: 089 011 011  |     Стани наш пријател  |    Следи нè на Twitter
Одберете од листата:



Најпродавани:
 
  За КЕЈБЛТЕЛ

Кејблтел ДООЕЛ Скопје е брзо растечка интернационална компанија од областа на телекомуникациските технологии и услуги.Создадена е со обединување на 13 кабелски оператори од Македонија,од страна на група стратешки американски инвеститори.

КЕЈБЛТЕЛ ги обедини следниве веќе постоечки кабелски оператори:

  • КТВ Зора - Скопје;
  • Кадис - Скопје;
  • Кабелскоп - Скопје;
  • Кабелфокс - Скопје;
  • Кабелсат - Скопје;
  • Зора Кабел - Скопје;
  • Mаксат и Наумовски - Скопје;
  • Галакси - Скопје;
  • Сатмедиа - Тетово;
  • Спринт - Велес;
  • Астра 99 - Куманово и
  • Старкс - Куманово.
     
Од обичен електронски комуникациски оператор, којшто можеше да понуди само аналоген видео сервис и интернет со ограничени брзини, КЕЈБЛТЕЛ ДООЕЛ Скопје за мошне краток период прерасна во повеќенаменски сервис оператор (Multiplе Service Operator - MSO), којшто нуди повеќе видео сервиси и тоа: аналоген, дигитален и PPV ( или плати за да гледаш) сервис, повеќе интернет пакети со неограничени трансвери и најголеми брзини, како и сервисот фиксна телефонија. Со оваа понуда, КЕЈБЛТЕЛ ДООЕЛ Скопје стана првиот оператор во Р. Македонија којшто може на своите корисници да им ја понуди ТРИПЛ ПЛЕЈ услугата, составена од три сервиси: ВИДЕО, ИНТЕРНЕТ И ФИКСНА ТЕЛЕФОНИЈА.

Кејблтел ДООЕЛ Скопје како електронски комуникациски оператор има посебна одговорност, со постојан развој да овозможи ширење на пазарот и задоволување на потребите и побарувањата на потрошувачите,следејќи ги светските трендови.

Мисијата на Кејблтел е да развие доверба и лојалност кај своите потрошувачи, нудејќи им врвен квалитет и неограничени технички можности со одлични услуги.

Визијата на Кејблтел ДООЕЛ Скопје е надградба и консолидирање на сите кабелски мрежи во една дигитализирана мрежа нa целата територија на Република Македонија со што би се подобрил квалитетот на веќе постоечките сервиси.

 
 
 
 
Get the Flash Player to see this rotator.