Контакт: 089 011 011  |     Стани наш пријател  |    Следи нè на Twitter
Одберете од листата:



Најпродавани:
 
 
ЧПП



  • - Проверете го антенскиот кабел на задната страна од ТВ приемникот ( ако користите видео рекордер или некој сличен приемник, проверете на неговата задна страна ). Постои веројатност од невнимание или ненамерно да е исклучен кабелот од антенскиот приклучок на ТВ приемникот.

    - Проверете во менито на ТВ приемникот дали се меморирани каналите, особено ако приклучувате нов ТВ приемник. Доколку не се меморирани, следете го упатството од производителот на ТВ приемникот за меморирање на каналите. Препорачливо е да ја користите опцијата за автоматско пребарување на канали.

    - Ако имате индивидуален антенски разводен систем, визуелно проверете ја исправноста на елементите од коишто е составен, како и врските меѓу нив. За понапредна анализа треба да повикате стручен сервисер кој ја изведувал инсталацијата ( не сервис од кабелската телевизија ).

    - Проверете ги каблите низ станот, особено онаму каде што минуваат покрај врати или ходници, бидејќи е можно прегазување или прекинување на истите.

  • - Проверете го менито на тв приемникот за да видите дали се меморирани сите канали.

    - Информирајте се во техничката служба на Кејблтел дали во тој момент се врши интервенција на системот за пренос.

  • - Проверете дали е приклучен ТВ приемникот со напојување и дали светат одредени светилки - индикатори за вклученост.

    - Проверете дали ТВ приемникот е во A/В мод или во ТВ мод, (треба да биде во ТВ мод).

    - Ако вршите приклучување со скарт кабли или слични аудио и видео кабли, проверете ја нивната исправност.

  • - Проверете го антенскиот кабел.

    - Проверете ги приклучните спојки.

    - Проверете ги елементите од антенскиот разводен систем.

 
 
 
 
Get the Flash Player to see this rotator.