| Контакт: 089 011 011 | | Стани наш пријател | | Следи нè на Twitter |
|
|
ПЕЈ ПЕР ВЈУ (Pay Per View)
Што е тоа Пеј Пер Вју ( Pay Per View) сервис или популарно наречен како ДОМАШНО КИНО? Станува збор за сервис кој ќе им понуди на граѓаните широк спектар на филмски содржини од најпознатите филмски куќи како што се : -Ен Би Си Јуниверсал -Парамаунт Пикчрс -Mетро-Голдвин-Мајер -Варнер Брос -Maр Виста Ентертејмент -Eчелон Студиос и на наше најголемо задоволство, преведени на македонски јазик. Сметаме дека со ова успеавме да ја постигнеме најголемата желба на нашите корисници, како и на целокупната македонска јавност, а тоа е: во топлината на својот дом да следат најпознати светски филмски наслови преведени на јазикот кој најмногу го разбираат-македонскиот. Овој сервис, самиот по себе подразбира условен пристап, односно за користење на истиот, потребно е нашиот корисник да поседува дигитален приемник, кој го нудиме беплатно, како и да следи дел од понудата на нашата дигитална телевизија. Условениот пристап е задолжителен поради природата на самиот сервис. Најпознатите светски студија сега ќе бидат присутни во нашите домови со своите врвни филмски достигнувања. |
||