Денес сме среќни што ќе го објавиме успешното склучување на зделката со која И Кју Ти Ви, Северно-Европски фонд, го презеде Кејблтел, кој претставува водечки снабдувач на платена телевизија, широкопојасни и говорни услуги во Македонија.
Потенцијалната инвестиција и индустриската експертиза на новиот акционер уште повеќе ќе ја зголеми водечката пазарна позиција на Кејблтел во Македонија. Ќе инвестираме во унапредување на корисничките услуги и нивната сатисфакција. Ќе продолжиме да бидеме лидер во иновации и квалитет и ќе Ви обезбедуваме конкурентски понуди за телевизија, широкопојасни и говорни услуги.