| Контакт: 089 011 011 | | Стани наш пријател | | Следи нè на Twitter |
|
|
Прес конференција по повод 3-от роденден на Кејблтел
Помина месец и половина од нашата последна средба на која посочивме на состојбата кој владее на пазарот на кабелските телевизии. Тогаш укажавме на моменталниот хаос во преносот на телевизиските канали, од кој се погодени пред се граѓаните, меѓутоа и државата и странските инвеститори. И покрај нашите бројни реакции до сите релевантни надлежни органи, како Советот за радиодифузија и надлежните министерства, сеуште во голем дел на територијата на РМ, вклучително Скопје, Тетово, Куманово, Велес и Штип, дел од останатите оператори не го почитуваат законот за авторски интелектуални права и законот за конкурентност. До денес, единствено добивме официјално мислење од страна на Министерството за култура за случајот со НВО, како и за ексклузивноста на македонските преводи, дека е незаконски, односно дека не е во согласност со Законот за авторско право и сродни права на Република Македонија и со Европската директива Е93. Со ова им се нанесува штета на корисниците на телевизиските услуги, на самата држава и на странските инвеститори, но сеуште од надлежните органи нема конкретни активности за средување на хаосот во преносот на телевизиски канали. Поради тоа сме принудени повторно да реагираме против државното толерирање на незаконското работење на операторите и да го обелодениме шверцот во оваа област. Сето ова е во насока на почитување и задоволување на потребите на граѓаните со соодветни услуги и цени. Токму за нив, продолжуваме и натаму со збогатувањето на нашата понуда, што не прави единствен оператор што има најдобра понуда за најмалку пари, а тоа се над 100-те дигитални канали. Од минатиот месец, за албанското население се воведени канали од Tring дигиталната платформа, со содржини за целото семејство. Токму оваа наша комплетна ориентираност кон нашите клиенти, не прави повторно и повторно да реагираме против глувоста и немоста на државата, поради која најмногу се погодени компаниите и странските инвеститори од една страна, но истовремено и граѓаните од друга. Дигитализацијата ја отпочнавме во мај 2008г. и како прв оператор што на македонскиот пазар понуди дигитален формат на слика, на своите потрошувачи денес им нудиме дигитална телевизија за само 99 денари месечна претплата, од кои првите 3 месеци се бесплатни, а и дигиталниот приемник корисниците го добиваат безплатно. Затоа, Кејблтел останува доследен на своите прокламирани ставови за фер конкуренција, привлекување на странски инвестиции, и пред се задоволување на потребите на граѓаните со соодветни услуги и цени. |
||