Контакт: 089 011 011  |     Стани наш пријател  |    Следи нè на Twitter
 
  ППВ - Плати за да гледаш (Pay Per View)

Што е „ПЕЈ ПЕР ВЈУ “?

За прв пат во Македонија и единствено во КЕЈБЛТЕЛ, сервисот ПЕЈ ПЕР ВЈУ (Pay Per View) е достапен за сите корисници.

Најновите филмски достигнувања, веднаш по нивната премиера ќе имате можност да ги гледате со македонски превод, во домашна атмосфера.

Корисниците кои сакаат да го следат овој сервис, ќе мора да поседуваат дигитален ресивер, којшто КЕЈБЛТЕЛ го нуди бесплатно.

Што е тоа ПЕЈ ПЕР ВЈУ ( Pay Per View ) сервис или популарно наречен како ДОМАШНО КИНО? Станува збор за сервис кој ќе им понуди на граѓаните широк спектар на филмски содржини од најпознатите филмски куќи како што се :

  • Ен Би Си Јуниверсал
  • Парамаунт Пикчрс
  • Mетро-Голдвин-Мајер
  • Варнер Брос
  • Maр Виста Ентертејмент
  • Eчелон Студиос

и на наше најголемо задоволство, преведени на македонски јазик. Сметаме дека со ова успеавме да ја постигнеме најголемата желба на нашите корисници, како и на целокупната македонска јавност, а тоа е: во топлината на својот дом да следат најпознати светски филмски наслови, преведени на јазикот што најмногу го разбираат-македонскиот . Овој сервис, самиот по себе подразбира условен пристап, односно за користење на истиот, потребно е нашиот корисник да поседува дигитален приемник, којшто го нудиме беплатно, како и да следи дел од понудата на нашата дигитална телевизија. Условениот пристап е задолжителен поради природата на самиот сервис. Најпознатите светски студија сега ќе бидат присутни во нашите домови со своите врвни филмски достигнувања.

 
 
 
 
Get the Flash Player to see this rotator.